СТРАСТ ЗА ТЕХНОЛОГИЈА


Инспирирани од нашата бескрајна љубов кон технологијата и со исклучителна посветеност на создавање иновативни и прилагодени комуникациски и системски решенија, во 2006 година ја основавме Вулфи Нет.    
Повеќе од 17 години, сме сигурен водич и доверлив партнер на компаниите, помагајќи им да ги надминат технолошките предизвици и успешно да ги применат најновите технолошки и безбедносни решенија.   
Нашата мисија е да обезбедиме врвна поддршка, иновативност и доверба кои ги водат нашите клиенти кон поголема ефикасност, раст и остварување на нивните деловни цели. 

ВРВНИ  ПРОФЕСИОНАЛЦИ


Нашиот тим го сочинуваат високо стручни техничари и инженери со богато искуство во индустријата. Сертифицирани од водечки компании како Microsoft, Cisco, Ruckus, Premium-Line, Fortinet, 3CX, Grandstream  и други.  Нашите вработени располагаат со меѓународни сертификати како A+, Network+, CCNA, MCSA, MCSE, Linux+, Security+, кои се доказ за нашата компетентност и посветеност на квалитет и највисоки стандарди. 



НАШИ КЛИЕНТИ